Цели наставниот преднет ТЕХНИЧКА МЕХАНИКА
По узучувањето на наставниот материјал, учениците треба да можат да покажат:
По узучувањето на наставниот материјал, учениците треба да можат да покажат:
- Способност да ги решат проблемите од Статиката на точен, организиран и јасен начин,
- Разбирање на концептот на резултантна сила на систем од сили,
- Разбирање на концептот и пресметување на компонентите на сила,
- Разбирање на принципот на момент и пресметување на моментот предизвикан од сила која делува на круто тело,
- Разбирање на концептот на слободно тело и правилно дефинирање на дијаграмот на слободно тело,
- Разбирање на појавата на триење и правилно дефинирање на силите на триењето,
- Разбирање на Варињоновата теорема и демонстрирање на употребата на теоремата за определување на местоположбата на резултантата на силите или определување на тежиштето на површина,
- Способност за пресметување на реакциите во лежиштата на круто тело во мирување,
- Компетентност во определување на силите во елементите на решетка со користење на методот на јазли или методот на пресеци,
- Компетентност во определувањето на силите во пресеците на елементите на линиските носачи
- Компетентност во определувањето на законите за внатрешните статички големини од пресеците на линиските носачи.
- Целосно разбирање на дијаграмите на внатрешните статички големини и способност за нивно скицирање.
Потребни предзнаења
Учениците кои го изучуваат предметот ТЕХНИЧКА МЕХАНИКА- Статика,
се очекува да поседуваат претходни познавања од:
Учениците кои го изучуваат предметот ТЕХНИЧКА МЕХАНИКА- Статика,
се очекува да поседуваат претходни познавања од:
- Решавање равенка со една непозната
- Решавање квадратни равенки
- Системи на линеарни равенки со две непознати
- Површина и периметар на основни геометриски слики: триаголник, правоаголник, круг.
- Однос меѓу аглите при пресекот на две прави
- Однос меѓу аглите при пресекот на права со две паралелни прави
- Однос меѓу аглите на триаголникот
- Слични триаголници
- Тежиште/центар на основни геометриски слики
- Степени и радијани
- Тригонометриски функции
- Тригонометриски релации меѓу комплементарни агли
- Питагорина теорема
- Основен тригонометриски идентитет
- Тригонометриска кружница
- Вредности за тригонометриските функции за одредени вредности на аголот
- Вектор и собирање на вектори
- Единечни вектори
- Компоненти на вектор
- Правоаголни координати во рамнина
Цели на наставниците
- Да обезбедат соодветна работна атмосфера, концепти и техничко образование потребни за постигнување на целите за учениците посочени претходно
- Да ги поттикнат прашањата и дискусиите поврзани со наставата.
- Да иницираат критичка анализа на решенијата на проблемите.
- Да стимулираат тимска работа во и вон наставата.
- Да обезбедат континурирано информирање на учениците за нивниот прогрес во текот на наставата.
- Да обезбедат поддршка на учениците во и вон наставата.
- Да демонстрираат фер оценување.